Шумливи топчиња за нозе: спа во вашиот дом
Шумливите топчиња за нозе се подготвени со неутрализација на алкални карбонати и лимонска киселина која е присутна во цитрусните овошја. Овие состојки имаат својство да ја подобрат еластичноста на кожата, претставуваат благ ексфолијант и вршат ароматерапија и релаксација на вашите нозе.
При нивното растворање во вода на температура од околу 37 степени се ослободуваат масла кои содржат незаситени масни киселини Омега 6 и Омега 9, присутни во кокосовото масло, и дополнително го подобруваат тонусот на кожата. Мирисните ноти ви даваат можност за пријатна козметичка нега во вашиот дом.
Сакате повеќе совети? Разгледајте ги другите статии или погледнете ги нашите производи.


